-->
-->
Кармело Ентони за завршување на кариерата без прстен: Победив во 2003 година кога се ракував со Дејвид Стерн
-->
Десеткратниот „Ол-стар“ учесник Кармело Ентони не жали што ја заврши кариерата без шампионски прстен.
– Се помирив. Оваа идеја дека си губитник ако не освоиш првенство веќе не ми пречи. Се сметам за победник. Победив во 2003 година кога се ракував со Дејвид Стерн на драфт сцената. Излегов од Ред Хук. Сум победил во животот. Прстенот е единственото нешто што не го добив. Тоа би било големо достигнување, но не жалам затоа што направив сè што можев, изјави Ентони.
Најголем дел од кариерата Кармело Ентони помина во Денвер и Њујорк. Играше уште и за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес лејкерс.
Ентони на 29 мај ќе наполни 39 години. Во НБА-лигата играше 19 сезони, 1.260 натпревари со просек 22,5 поена и 6,2 скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата