Карпош ќе ја подигнува јавната свест за лицата со попреченост

Во пресрет на 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска разговараше со претставници од здруженијата „Трисомија 21”, „Раст”, „Енигма” и здружението „Церебрална парализа”.
Богоев се обврза дека Карпош значително ќе работи на подобрување на статусот и условите на лицата со посебни потреби. Како конкретни чекори кои дополнително се преземаат е вклучување и присуство на седниците на Советот на сите засегнати страни (за прашања од областа на социјалната заштита и инклузија), и овозможување на поголема соработка со Одделението за детска, социјална и здравствена заштита.
- Потребни ни се целосни и точни податоци за бројот на деца и возрасни лица со посебни потреби во Карпош, за да можеме и системски да ги решаваме проблемите. Наша заложбата е да се грижиме за овие наши сограѓани 365 дена, а не само еден ден во годината, потенцираше Богоев.
Во претстојниот период, Карпош заедно со граѓанските организации ќе работат на подготовка на Регистар за лица со посебни потреби, кои живеат на територија на општината. На состанокот се разгледуваше и можноста за отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби, што ќе биде место за дополнителна социјализација и работа со лицата со попреченост.
Општина Карпош продолжува со доделувањето еднократна парична помош за лицата со попреченост. Во понеделник во спортската сала на ОУ „Лазо Трповски“ градоначалникот и советниците од општината, ќе се сретнат со повеќе од сто граѓани, лица со посебни потреби кои живеат во оваа локална заедница.
Претстојниот Ден на лицата со посебни потреби ќе се одбележи под мотото „Трансформација кон одржливо и еластично општество за сите“. Важна е потребата од сеопфатна социјална инклузија, и пред се, јакнење на јавната свест за прифаќање на лицата со посебни потреби.
Ново на Сител
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
