Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола

Kомисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Републикава, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи.
-При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Од Комисијата посочуваат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти и доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.
Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
-

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини
-

Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
