Касами го објави списокот на луѓе кои од општина Тетово земале пари со договор на дело а дел од нив не оделе на работа
Општина Тетово,заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година.Се работи за вкупно 811 договори на дело.
Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.
На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор,ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави.
Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
