Касами: Се сомневам дека Кастриот против своја волја ја дал изјавата и не може да дојде во Собранието

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, во врска со последните случувања, односно статусот на фејсбук на пратеникот од редовите на Движењето, Кастриот Реџепи дека нема да учествува на седницата за гласање доверба на Владата, рече дека се сомнева дека е држен против негова волја
„Движењето БЕСА стои на ставот за пад на овој режим. Последните случувања со Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се‘ за да остане на овие позиции. Се сомневам дека против своја волја ја дал изјавата и не може да дојде во Собрание да го каже својот став. Денес немав контакти со него, немам информација каде се наоѓа, последни информации имам од вчера кога неговите ставови беа во рамки на позициите на партијата. Се‘ додека не излезе да каже дека овој став е негов и не е присилен, имам право да се сомневам дека е држен против негова волја“, изјави Касами.
Ново на Сител
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
