-->
-->
Касиус Клеј никогаш не го променил името ?!
-->

Легендарниот американски боксер Касиус Клеј, попознат како Мохамед Али, никогаш официјално не го променил своето име, пишува порталот USA Today.
Мохамед Али почина на 3-ти јуни на 74 години во болница во близина на градот Феникс, во сојузната држава Аризона, каде беше хоспитализиран поради проблеми со белите дробови. Во 1984 година, три години по завршувањето на боксерската кариера, му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест од која патеше 32 години. Погребната церемонија според муслиманскиот обичај на боксерската легенда беше одржана на 10-ти јули во неговиот роден град Лиусвил во сојузната американска држава Кентаки.
Мухамед Али, е роден на 17-ти јануари во 1942 година како Касиус Марселус Клеј џуниор, а кариерата ја започна како Касиус Клеј, но подоцна како и многу афроамериканци протестирајќи против политиките во САД се преобрати во исламот и го смени името.
Во написот се наведува дека новинарите на USA Today не успеале да дојдат до никакви правни документи коишто ќе потврдат дека боксерот кој премина во ислам во 1964 година и официјално го сменил името во Мохамед Али.
„Во 1964 година управата за социјално осигурување не барала од носителот документирана потврда за името или за негова промена. Името на социјалната картичка на лицето било отпечатено само врз основа на неговото тврдење. Некои картички биле издадени со имињата кои ги изјавиле самите подносители“, изјавила портпаролката на управата Роксана Вилијамсон.
Олимписки шампион е од 1960 година, а светски шампион во тешка категорија во верзијата WBA беше од 1967 до 1968 и од 1974 до 1979, и во верзијата WBC од 1964 до 1969 и од 1974 до 1978 година. Во текот на кариерата Али имаше вкупно 61 меч во професионална конкуренција, од кои победил во 56, од кои 37 го завршил со нокаут. Немаше ниеден нерешен меч, а забележа 5 порази. Во 1999 година Али беше прогласен за Спортист на векот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
