Касперски: Имавме доверливи податоци од САД, но ги избришавме
Основачот на руската софтверска компанија „Касперски Лаб", Евгениј Касперски, изјави дека од компанијата имале доверливи податоци на САД, до кои случајно дошле, но ги избришале веднаш штом сфатиле за што се работи.
Ова е прво јавно признание за приказната која што беше градена во изминатите три недели дека популарната антивирусна програма ги собрала алатките за дигитална шпионажа на Националната агенција за безбедност на САД (НСА) и ги испратила во Москва.
Според Касперски, антивирусниот софтвер на Касперски Лаб ја следел хакерската група Иквејшн, означена како создавач на вируси. Еден од корисниците на антивирусот Касперски во САД, кога го скенирал компјутерот, открил потенцијален малициозен софтвер на таа група во една од архивите, а програмата архивата автоматски ја испратила до централниот сервер во Москва.
Дури подоцна се покажа дека хакерската група е во служба на НСА.
Ова објаснување делумно е во согласност со наводите на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Волстрит журнал“, кои тврдеа дека некој од НСА ја изгубил контролата на некој од моќните алати за надзор кога го однел дома и така оставил строго чуван код на домашниот компјутер, кој го користел антивирусот Касперски. Исто така, донекаде се расветлува одлуката на американската влада да го отстрани софтверот на Касперски Лаб од федералната компјутерска мрежа.
Сепак, експертите за ИТ безбедност сѐ уште и натаму се прашуваат дали Касперски Лаб се сомничи за свесно пребарување на доверливи податоци или се работи за случајност за време на редовниот „лов" на сомнителни датотеки. Како дел од модерниот антивирусен софтвер е да испраќа сомнителни фајлови на анализа, но, исто така, софтверот може да биде прилагоден да собира и други датотеки.
Американските медиуми наведуваат дека приказната за Касперски не објаснува како аналитичарите од неговата компанија препознале дека се работи за доверливи податоци или зошто не ги информирале американските власти за тоа.
Во неколку извештаи имаше дури и обвинувања дека Касперски Лаб до алатките на НСА дошол преку израелски шпионски операции.
Касперски одби да каже дали тој им кажал на Американците за инцидентот.
- Дали мислите дека сакам на вести да видам дека сум ја контактирал НСА за да го пријавам случајот? Дефинитивно не сакам тоа да го видам на вести, рече тој.
Поранешниот аналитичар на НСА, Џејк Вилијамс, рече дека објаснувањето звучело логично и додаде дека, ако е вистинска приказната, дека некој од НСА изнел доверлив софтвер и го инсталирал на својот компјутер со пиратска верзија на Мајкрософт, тоа би бил „кошмар за односи со јавноста" на НСА .
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори