Катарина Ивановска во улога на мајка: Вања личи на татко му, пријателите ни велат ви се погоди бебето
Катарина Ивановска е една од ретките домашни манекенки која може да се пофали со богато работно портфолио и успеси на светско ниво. Милано, Лондон, Њујорк, Париз… се само дел од дестинациите кои ја признаа и се поклонија на нејзината убавина, последнава година е на заслужена пауза, а причина за тоа е раѓањето на малиот Вања, кој го донесе на свет пред 10 месеци. За него вели дека е најмирното и најслатко бебе, околу грижата за наследникот многу и помага и партнерот Цобе со кого е заедно долги години, а пред неполн месец повторно стартуваше со работа и сними едиторијал во соседна Грција за познат светски бренд и со тоа го означи враќањето во светот на модата.
– Вања личи на татко му, но се надевам дека ќе смени на мене (ха, ха). Многу често нашите пријатели знаат да ни кажат ви се погоди бебето, но јас мислам дека се е тоа до енергијата која му ја пренесуваме од дома. Весело бебе кое сака да е помеѓу луѓе и ужива кога е надвор. Откако ке завршам со вежбање во 11 часот го преземам и нашите долги прошетки знаат понекогаш да траат и со часови, вели таа во интервју за Вечер прес.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање