Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џорџ Флојд
Судот во Минеаполис одреди кауција од еден милион американски долари за тројцата полицајци од овој град, кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорд Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот.
Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, ќе може да се намали на 750.000 долари, но под одредени услови, вклучувајќи го и губењето на правото за носење на какво било лично оружје, пренесуваат британските медиуми.
Следното рочиште судијата го закажа за 29 јуни.
Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој тој починал од срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен.
Доколку бидат осудени, на тројцата им се закануваат казни од 40 години затвор.
Шoвин, полицаецот кој клечеше врз вратот на Флојд пред да умре, е обвинет за убиство од втор степен и ќе се појави на суд во понеделник.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп