-->
-->
Кавадарчанец возел со 2,60 промили алкохол во крвта и излетал од пат
-->
На 24.03.2025 во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
