Кавадарчани сакаат есенски панаѓур, покажа анкетата на општината

Кавадарчани сакаат есенски панаѓур, ова го покажа јавната анкета што ја спроведе кавадаречката локална самоуправа на интернет.
- Панаѓурот ќе се одржи на 12, 13 и 14 октомври, со малку променета локација, односно ќе го зафаќа делот по новите семафори на улицата „Никола Минчев“, се до Северен булевар и едната коловозна лента до зградата на УЈП. Тоа значи дека трите улици од семафорите ќе бидат функционални и едната коловозна лента кај зградата на УЈП, информираа денеска од прес службата при општината.
Закупот на простор за продажно место ќе започне од четврток.
Општината ја спроведе оваа анкета за да се види расположението на кавадарчани, бидејќи години наназад дел од населението сака панаѓур за да обезбеди различни производи по пониски цени, а сопственици на бутици се против тоа, со образложение дека станува збор за нелојална конкуренција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
