Кавадарци објави конкурс за доделување на општинската награда ,,7 Септември”

По повод Денот на ослободувањето, локалната самоуправа Кавадарци денеска објави конкурс за доделување на општинската награда „7 Септември“.
-Наградата „7 Септември“ Кавадарци се доделува на физички и правни лица, како знак на општествено признание за остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес, за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас и во светот, појаснија од Општината.
На ученици и на студенти, наградата се доделува за творечки труд, или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
Предлозите треба да се достават, до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, при Совет на општината Кавадарци, најдоцна до 11 август.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
