Кавадарци потпиша меморандум за соработка со Хабитат Македонија
Општина Кавадарци денеска потпиша меморандум за соработка со Хабитат Македонија. Станува збор за нов заеднички проект, покрај оној што веќе се реализира неколку години.
Со новиот проект „Хабитат Македонија“ заедно со општината ќе изработи регистар на колективни станбени згради и управители, а ќе одржи и тренинзи за граѓаните со цел тие да бидат информирани за одредени грантови што може да ги добијат за решавање на заедничките потреби.
- Ќе бидат опфатени заедниците на станари во колективните згради. „Хабитат“ ќе ги организира, ќе им направи тренинзи, за да бидат поблиску до информациите за одредени грантови и решавање на заедничките потреби на сите станари, рече градоначалникот Алаксандар Панов.
Заменик-директорката на „Хабитат Македонија“, Лилјана Алчева истакна дека според досегашните податоци, во Кавадарци има 180 згради.
- Ќе видиме каква е формата на управување во нив. Очекуваме акцијата да трае околу месец ипол. Потоа ќе направиме промоција на тој регистар, рече Алчева.
Осврнувајќи се на првиот проект во рамки на кој се реконструираат постари згради со цел енергетска ефикасност, градоначалникот Панов информираше дека уште еден колективен станбен објект ќе биде финансиран со 25 проценти.
- И станарите од уште една зграда во центарот на Кавадарци пројавиле интерес. Локалната самоуправа заедно со „Хабитат“ останува на располагање да помогне, истакна Панов.
Директорката Алчева нагласи дека енергетската ефикасност, особено во колективните станбени згради, овозможува заштеда на енергија од 30 до 40 проценти.
- Ова предизвикува голем интерес. Станарите на зградите на кои веќе им помогнавме, верувам дека ги чувствуваат благодетите и заштедата во семејниот буџет, рече Алчева.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси