-->
-->
Казнети 163 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
-->
По спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територија на цела држава, санкционирани се 163 возачи, информираат од МВР.
Како што соопштуваат оттаму, од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел придонес кон безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата за пожарот е селективна
-
Студентите бараат поевтини автобуски карти за градовите од внатрешноста до Скопје и назад
-
Буково повторно гори
-
Водостојот на р. Брегалница двојно зголемен, но недоволно за да се наполни брана „Калиманци“
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичарите со поделени мислења по лидерската средба
-
Тема на денот со Васил Стерјовски, Македонска алијанса за европска интеграција
-
Мицкоски и Филипче се договорија заеднички да ја туркаат реформската агенда