Казнети 239 возачи за брзо возење, на територија на цела држава
Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 239 возачи.
Како што денеска информираа од МВР, од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.
Во текот на викендот на територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои се изречени 78 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето