Македонија
7. March 2023 - 11:16

Казнети 30 возачи што вршат јавен превоз на ученици - 12 од нив возеле без возачка

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

При контролата санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола...

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.