Македонија
31. July 2023 - 10:30

Казни за брзо возење за 576 возачи на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 576 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 302 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.