Кеико Фуџимори победи во првиот круг од изборите во Перу
Кандидатот на десниот центар Кеико Фуџимори, освои најмнигу гласови во првиот круг на претседателските избори во Перу.
Според првичните податоци на изборната комисија, таа освоила 40 отсто од гласовите, додека нејзните противници, кандидатот на левицата Вероника Мендоза и кандидатот на центарот, Педро Пабло Кучински, имаат добиено по околу 20 отсто од гласовите на Перуанците.
Конечните податоци се уште не се познати, но сигурно е дека ниту еден кандидат не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, па на 5 јуни ќе се организира втор круг. По конечното пребројување на гласовите, ќе се знае кој, покрај Фуџимори, ќе учествува во вториот круг.
Кеико Фуџимори е ќерка на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори кој сега се наоѓа во затвор, издржувајќи ја затворската казан од 25 години.
Тој е осуден затоа што им наредил на „одредите на смртта“ да ликвидираат цивили при настојувањето на тогашните власти да се поразат бунтовниците од ултра левичарската, маоистичка група „Патека на светлината“.
Нивниот бунт кој траеше десет години, беше скршен во 90-те години на 20 век. Иако Алберто Фуџимори е во затвор, неговите приврзаници се уште ја ценат неговата заслуга во кршењето на бунтовничкиот отпор, па сега ја поддржуваат неговата ќерка Кеико во претседателската трка.
Медиумите во Лима, меѓутоа, јавија дека три лица се убиени во оддалечените региони на Перу, каде се одгледува кока, при нападот на припадници на групата „Патека на светлината“ врз транспортот со гласачките листови.
Перу важи за еден од најголемите одгледувачи на растението кока, како и производители на кокин во светот.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците