Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави денеска дека голгетерот Хари Кејн се вратил на тренинзите и може да биде во конкуренција за настап на утрешниот натпревар против Лајпциг во Бундеслигата.
Кејн ја повреди тетивата на 30 ноември на натпреварот против Борусија Дортмунд (1:1).
„Нема да кажам дали ќе започне или не. Денешниот тренинг е важен. Ако се биде добро, тој сигурно ќе игра“, изјави Компани.
Во отсуство на Кејн, Баерн беше елиминиран во германскиот Куп, по поразот од Баер Леверкузен, а минатиот викенд го претрпе првиот пораз и во првенството против Мајнц.
„Веќе рековме дека не можеме да го замениме Хари. Тој има неверојатно чувство за тоа каде треба да биде во шеснаесетникот. Исто така, многу ни помогна и во одбраната. Тој е еден од најдобрите играчи во шеснаесетникот. Тој прави разлика таму Нема многу играчи кои можат да го направат тоа“, рече Компани.
Кејн оваа сезона за Баерн постигна 20 голови на 19 натпревари во сите конкуренции.
Ново на Сител
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
-

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово
-

Водостојот на Охридското Езеро 11 сантиметри над просекот за август, температурата на водата 26 степени
-

ПСЖ ќе го продолжи договорот со Енрике до 2030 година
