Loading Video...
Свет
7. December 2025 - 17:09

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“

Мировниот договор за ставање крај на војната во Украина  е „многу близу  до финализирање . Остнаа последните 10 метри објави Преговарачот на САД за Украина  Кит Келог. Тој тврди дека процесот е стопиран само поради две клучни нерешени прашања: идсниот статусот на регионот Донбас и кој ке управува  со нуклеарната електрана во Запорожје.,која моментално  е под руска контрола. Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, истакна  Келог.  Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, исто така, оцени дека мирот е „поблиску од кога било“, опишувајќи го моментот како најдобра можност за постигнување договор.

- Знаете, блиску сме, поблиску сме од кога било досега до мир. И ова е, знаете, како што рече претседателот Трамп, ова е, ова е тешка ситуација за да се стигне до вистинското место. И, знаете, на крајот оваа војна треба да заврши. Трае речиси четири години со милиони жртви, изјави  Метју Витакер, амбасадор  на САД во НАТО.

Русија пак  ја поздрави новата национална безбедносна стратегија на САД како позитивен чекор за билатералните односи и ќе гоо отвори патот за понатамошна конструктивна соработка со Вашингтон по украинското прашање. 

Документот ги дефинира преговорите за „брзо“ прекинување на војната меѓу Русија и Украина, која трае повеќе од три и пол години, како „суштински интерес“ на САД. Во него се вели дека напорите на САД имаат за цел „да ги стабилизираат европските економии, да спречат ненамерна ескалација или проширување на војната и да ја вратат стратешката стабилност со Русија, како и да овозможат обнова на Украина по непријателствата за да се овозможи нејзин опстанок како одржлива држава“.

Клучна промена во стратегијата е отстранувањето на Русија од листата на „директни“ или „непосредни закани“ за САД. Наместо тоа, документот повикува на соработка со Москва по прашања од стратешката стабилност и брзо решавање на конфликтот во Украина. Москва внимателно ќе ја анализира ажурираната стратегија, која значително се разликува од претходните американски пристапи кон Русија, изјави портпаролот на Кремљ за руската државна новинска агенција Тас. 

Паралено со дипломатијата,  на фронтот борбите продолжуваат со несмалено темпо. Русија  ги продолжи воздушните напади врз Украина во текот на ноќта, неколку часа откако Зеленски изјави дека имал  конструктивен телефонски разговор со преговарачкиот тим на Трамп по тридневните разговори на Флорида. На мета градот   Кременчук . Руското министерството за одбрана информаше дека руската противвоздушна одрбана соборила  77 украински дронови на неколку локации во текот на изминатата ноќ. Дел од нив биле уништени во регионот Саратов, а останатите во Ростовската област.