Кембриџ програма во средно нема да почне ни наредната учебна година
Примената на наставни планови и програми по Кембриџ-програмата во средно образование нема да почне ни од наредната учебна 2018/2019 година, одлучила Владата на денешната седница.
- Министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, соопшти прес-службата на Владата.
Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ Кембриџ во средно најавуваше од оваа (2017/2018) учебна година како продолжение на Кембриџ-програмата за предметите од природните науки воведена во основното образование, но од 1 септември оваа програма не беше воведена за средношколците.
Владата на вечерашната седница усвоила и Информација за воведување на италијанскиот јазик во основно и во средно образование како можност за втор странски јазик.
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД