Кери и колегите од Г-7 го посетија меморијалниот музеј во Хирошима

Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на останатите шест земји од Г-7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, денеска во меморијалниот Парк и музеј во Хирошима им оддадоа почит на 140.000 жртви на американското бомбардирање на 6 август 1945 година, пренесоа американските медиуми.
Во Г-7 сега членуваат САД, Јапонија, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Канада.
Кери е првиот американски државен секретар, кој го посетува музејот на жртвите на бомбардирањето на Хирошима, посочуваат британските медиуми. Споменикот за првпат го посетуваат и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија - другите две нуклеарни држави во Г-7, освен САД.
- Се надевам дека оваа посета пред светот ќе покаже колку е важен мирот и колку е важно силните сојузници да работат заедно за светот да го направат побезбеден и за да можеме на крајот да го ослободиме од оружјето за масово уништување, изјави Кери пред јапонскиот шеф на дипломатијата Фумио Кишида, домаќин на средбата на министрите за надворешни работи и пратеник од Хирошима.
- Ние ќе се вратиме кон минатото и ќе им одадеме почит на загинатите, но оваа посета не е посветена на минатото. Таа е посветена на сегашноста и пред се на иднината, на силата на односите кои ги изградивме, додаде државниот секретар, цитиран од британските медиуми.
Кишида изјави дека министрите за надворешни работи ќе дискутираат за борбата со тероризмот, безбедноста на морепловството и настаните во Северна Кореја, Украина и на Блискиот исток.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
