-->
-->
Кети Пери најплатена пејачка во 2015 година
-->
Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на женски пејачки со најголема заработка во 2015 година, а на прво место се наоѓа Кети Пери.
Таа во првите десет месеци од годината заработила 135 милиони долари, што најмногу се должи на одличниот успех на нејзината светска турнеја „Призматик“.
Освен успешната турнеја, познатата пејачка доби и одлични хонорари од познатите козметички и модни компании, на кои е заштитно лице.
- Се гордеам бидејќи сум шефица, се гордеам и како личност на чело на сопствена компанија. Јас сум претприемач, не се срамам од тоа, изјави Пери.
По Кети Пери на листата следат Тејлор Свифт, членките на групата „Флетвуд“ Стиви Никс и Кристин Мекви, Лејди Гага и Бијонси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот