Кичеец призна вина за „Рекет“, пресудата утре напладне

Во издвоената постапка за предметот „Рекет“ која се води против Зоран Милевски – Кичеец, кој денеска призна вина пред Судот, во продолжение на рочиштето адвокатот на обвинетиот Александар Новаковски достави дополнителни докази што Судечкиот совет ги прифати и предложи двете страни да ги изнесат завршните зборови.
Обвинителката Вилма Рускоска наведе дека очекува Судот да му изрече казна на обвинетиот поради неговото признание.
-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна, рече Рускоска.
Бранителот на Зоран Милевски Кичеец, адвокат Александар Новаковски, рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.
– Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина, изјави адвокатот Александар Новаковски.
Пресудата за Зоран Милевски – Кичеец Судот ќе ја изрече утре напладне.
На денешното прво судско рочиште за „Рекет“ првообвинетиот Бојан Јовановски се изјасни дека не чувствува вина, како и второобвинетата поранешна јавна обвинителка Катица Јанева. Судењето за Јовановски и Јанева продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви.
Ново на Сител
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
