-->
-->
Кичевец запалил кабел во индустриска зона од кој изгореле 10.000 м2
-->

Денеска ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни, соопшти МВР.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
