Македонија
24. December 2015 - 14:12

Кичевските советници во посета на децата со посебни потреби

На иницатива на Локалниот младински совет,  а по повод новогодишните празници, членови на Советот на општина Кичево денеска ги посетија децата со посебни потреби.

Советниците им врачија подароци на децата со посебни потреби сместени во Дневниот центар и на децата кои учаат во единствената паралелка за ова категорија на луѓе во основното училиште „Санде Штериоски” во Кичево.

Децата од Дневниот центар за престој на децата со посебни потреби на делегацијата од Сооветот на општина Кичево и подарија новогодишна честитка што самите ја изработиле. 

Сите трошоци за купените подароци се подмирени од страна на општина Кичево, а иницијативата во целост ја поддржа и градоначалникот  Фатмир Дехари.

Денешната посета на овие деца, информира Салије Садику, преседателот на Локалниот младински совет во Кичево,  е трета по ред годинава.