Балкан
8. November 2015 - 17:26

Киднапирани двајца службеници на амбасадата на Србија во Либија

Двајца службеници на амбасдата на Србија во градот Сабрат во Либија се киднапирани денеска, соопшти српското министерство за надворешни работи.

Киднапирани се Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ, вработени во српската амбасада во Либија.

Српското МНР, се наведува во соопштението, презема мерки за решавање на проблемот, а за таа цел се информирани сите безбедносни служби.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ разговорал со либискиот министер за надворешни работи Мохамед Имхамид Абдулази.