Киднапирано девојче пред училиште во Солун
Минуваат вторите 24 часа, откако исчезнало 10-годишното девојче Маркела во Солун во Грција.
Таа се води како исчезната од вчера попладне, кога го напуштила училиштето.
Според наводите на пријателите од одделението, на 10-годишното девојче му пришла црвенокоса жена, ја повикала по име и исчезнала со неа во непозната насока. Тоа на полицијата им го раскажало дете со кое Маркела била непосредно пред исчезнувањето.
Детето во придружба на родителите, со училишно ранче на грбот и со сендвич во раката ја потврдило вчерашната приказна.
Според неговите зборови, Маркела не се вознемирила ниту распалакала кога црвенокосата жена ја фатила за рака. Делувало како да се познаваат.

Исто така детето рекло дека жената била висока, со црна маица и црна јакна.
"Маркела, ако ме слушаш, сите пријатели те бараат и сите многу те сакаме", рекло детето во своето обраќање.
Како што пренесува "Прототехна", братот на 10-годишното девојче стоело пред полициската станица подолго од пет часа, колку што родителите на исчезнатото девојче давале изјава.
Мајката на 9-годишното ги напуштила просториите на полицијата и им се обратила на медиумите со порака дека девојчето е киднапирано при враќањето од училиште во 13:30 часот, и дека ќе направи прослава кога ќе биде пронајдено.
Таа рекла дека од дете кое е во истото одделение со Маркела слушнала наводни зборови за црвенокоса киднаперка.
„Дојди да и дадеш нешто на мама". Затоа пружила рака - објаснила расплаканата мајка.
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
