Киелини: Огромно разочарување за нас, тешко е да се објасни што се случи
– Ветеранот во италијанската фудбалска репрезентација Џорџо Киелини не може да поверува што и се случи на неговата репрезентација на вечерашниот дуел со Македонија.
– Тешко е да се објасни. Огромно разочарување за нас. Одигравме добар натпревар, но не можевме да постигнеме гол. Од септември до денес направивме грешки и плативме за нив. Јасно е дека сме уништени и здробени, ќе остане голема празнина во нас. Имаме многу добри млади играчи и ќе се обидеме да одиме да го освоиме следното ЕУРО и да се пласираме на СП 2026. Вечерва не примивме ништо освен голот. Создадовме многу шанси, но за жал не успеавме да реализираме. Се надевам дека оваа празнина ќе ни даде поттик да започнеме повторно, се уште се надевам затоа што Манчини се покажа како одличен тренер и може да ни помогне да се рестартираме, истакна Киелини.
Вечерва во Палермо македонските фудбалери направија вистинска сензација победувајќи го актуелниот европски првак со 1:0 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство 2022.
Во финалето „црвено-жолтите“ ќе играат против Португалија исто така на гостински терен.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
