Киев не се согласува на замрзнат конфликт со Русија
Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт со Руската Федерација, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеообраќање на седницата на Бордот на извршни директори на Волстрит Џурнал.
Тој рече дека Украина не се повлече од процесот во Минск, за разлика од Русија, која го направи тоа откако Владимир Путин најави целосна инвазија.
– Нема да влеземе во замрзнат конфликт. Станав претседател кога постоеја договорите „Минск-1“ и „Минск-2“. Имаше релевантни документи кои беа прекршени, што значи дека тие документи не биле сериозни. Сепак, имаше договор на хартија. Тоа беше замрзнат конфликт. Јас сум против. Таков документ сигурно нема да имаме, потенцира Зеленски. Како што пренесе Укринформ, тој не верува во договори со Руската Федерација сè додека Владимир Путин официјално не ги потврди. – Нашите групи комуницираат на ниво на преговарачи.
LopМожам искрено да кажам дека не верувам во такви договори, рече Зеленски и додаде дека додека рускиот претседател не го стави својот потпис или барем не каже нешто официјално, тој не гледа никаква тежина во таквите договори. Зеленски минатиот месец рече дека конечниот документ за ставање крај на војната што Русија ја започна против Украина може да се состои од два дела, договор за безбедносни гаранции за Украина и посебен билатерален договор меѓу Украина и Руската Федерација. Последните директни разговори меѓу украинската и руската делегација беа на 29 март во Истанбул.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
