Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
Украина е подготвена да потпише договор за минерали со Соединетите Американски Држави, но Вашингтон сè уште не ги утврдил условите, изјави украинската вицепремиерка Олга Стефанишина.
– Договорот е подготвен. Нема промени во текстот, изјави Стефанишина за медиумите, додавајќи дека американската страна сè уште не одлучила под кои услови сака да го потпише.
Американскиот претседател Доналд Трамп го смета договорот за минерали како клучен дел од продолжената поддршка на САД за Украина, при што го поврза со неговите напори за постигнување прекин на огнот во војната.
Сепак, останува неизвесност дали договорот ќе вклучи „безбедносни гаранции“ од САД, што Украина и Европа ги сметаат за неопходни за да ја одвратат Русија. Трамп, пак, тврди дека американските инвестиции во украинскиот рударски сектор ќе бидат доволна заштита, бидејќи Москва не би сакала да ризикува со напади на подрачја каде што има американски работници.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз