Киев: Путин сака војна
Украинското Министерство за надворешни работи, по повод обвиненијата од Русија дека Киев се обидел да изврши терористички напад на Крим, денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин бара начин за ескалација на конфликтот со Украина.
„Путин сака повеќе војна. Русија бара ескалација, очајнички трага по провокација од Украина, ја тестира реакцијата на Западот“, напиша на Твитер портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Руската Федерална служба за безбедност соопшти денеска дека спречила терористички напад на Крим, организиран од разузнавачката агенција на украинското Министерство за одбрана, што Киев веднаш демантираше.
Како што јавија руските медиуми, ФСБ објави дека сето тоа се одиграло на 8 август и оти во инцидентот загинале еден припадник на таа служба и еден руски војник.
„Државјани на Украина и Русија, кои помагале во подготвувањето на овие терористички напади се уапсени. Тие во моментов даваат изјава во која тоа и го признаваат“, објави ТАСС.
Во Киев овие наводи ги демантираше портпаролот на украинската воено-разузнавачка служба.
Ново на Сител
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион