Киев: Упадот на руска територија има за цел да ја дестабилизира Москва

Упадот во руската област Курск има за цел да ги ослабне силите на Москва и да ја дестабилизира Русија, изјави денеска неименуван украински безбедносен претставник за француски медиуми.
По неколкумесечно повлекување пред руската армија на Источниот фронт, Украина во вторникот започна голема операција во пограничниот регион Курск, навлегувајќи, според аналитичарите, најмалку петнаесет километри длабоко во руска територија, притоа преземајќи ја контролата врз неколку локалитети.
„Целта е да се растегнат позициите на непријателот, да се нанесат максимални загуби, да се дестабилизира ситуацијата во Русија – затоа што тие не се во состојба да ги заштитат сопствените граници – и да се префрли војната на руска територија“, изјави украинскиот безбедносен претставник кој сакаше да остане анонимен.
Руската војска во средата соопшти дека Украина распоредила околу 1.000 војници за украинскиот упад на територија на Русија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
