Ким надгледуваше тестирање на оружје

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на систем за повеќекратно лансирање на ракети и на самоодна хаубица од 155 милиметри.
– Модернизацијата на програмите за оружје на Северна Кореја е насочена кон автоматизација, способност за долг дострел и суперпрецизност. Целта е да се обезбеди способност за одбрана на јужната граница, посочи Ким.
Тој присуствуваше на тестирањето на новата верзија на 240-милиметарски систем за повеќекратно лансирање на ракети, со 24 цевки за лансирање, тактички балистички ракети, а се тестираше и.
Модернизираниот систем за повеќекратно лансирање на ракети е опремен со автономен комплекс за прецизно водење, а неговиот дострел е зголемен на 90 километри.
Северна Кореја минатиот месец објави дека тестирала тактички балистички ракети, артилериски гранати и високопрецизни крстосувачки ракети водени од вештачка интелигенција.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
