Кина е втората земја што постави знаме на Месечината
Педесет години по САД, и Кина го постави своето знаме на Месечината, објави BBC.
Кинеската национална вселенска агенција објави фотографии на кои се гледа црвеното знаме со пет ѕвездички поставено на површината на Месечината.
Знамето е снимено вчера од камера на вселенската сонда Chang’e 5 пред да ја напушти на Месечината и да се упати кон Земјата со примероци од карпи, пишува BBC.
Првата земја што го постави своето знаме на Месечината во 1969 година беа САД. Подоцна, САД поставија уште пет свои знамиња за време на следните мисии до 1972 година.
Во 2012 година НАСА соопшти дека сателитските снимки покажуваат оти петте американски знамиња сè уште стојат на Месечината, а експертите наведуваат дека тие, најверојатно, целосно избледеле поради влијанието на Сонцето.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд