-->
-->
Кина ќе испрати специјален претставник во Северна Кореја
-->

Кина в петок ќе испрати во Севeрна Кореја специјален претставник на претседателот Си Џинпинг, јави Синхуа.
Сонг Тао, висок претставник од Бирото за меѓународни односи во Комунистичката партија, ќе има задача да го информира Пјонгјанг за ситуацијата поврзана со партискиот конгрес на кој Си беше реизбран за шеф на државата.
Испраќањето специјален претставник се случува во момент на влошени односи меѓу Пекинг и Пјонгјанг поради севернокорејската нуклеарна и балистичка програма.
Пекинг е главен дипломатски и економски сојузник на Северна Кореја и поддржа неколку серии меѓународни санкции против Пјонгјанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
