Свет
22. May 2024 - 12:43

Кина најави санкции за американски одбранбени компании

Кинеските власти денеска соопштија дека ќе воведат санкции врз голем број американски одбранбени компании и неколку директори поради „економската принуда“ на Вашингтон против кинески компании и продажбата на оружје на Тајван.

„САД… неселективно воведоа незаконски и еднострани санкции против голем број кинески субјекти… додека  продолжуваат да му продаваат оружје на регионот на Тајван“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пекинг во кое се објавени „контрамерките“.