-->
-->
Кина: Нема да се мешаме во внатрешните работи на САД
-->

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека не планира да се меша во внатрешните работи на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп му сугерираше на Пекинг да го истражи Џо Бајден и неговиот син, изјави портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг.
Трамп минатата недела побара од Кина да го истражи неговиот политички ривал од демократите Бајден и неговиот син Хантер, истакнувајќи дека тоа што се случило во Кина е исто толку лошо како тоа што се случи во Украина. Трамп и неговиот адвокат Руди Џулијани го обвинија поранешниот потпретседател Бајден дека на неправилен начин помагал му помагал на неговиот син во деловните активности во Украина и во Кина, но без да дадат докази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
