Кина планира да создаде „супер војници“

Кина спроведе тестирање на припадниците на армијата со надеж дека ќе успее да создаде војници со „подобрени биолошки способности“, изјави директорот на американската Национална разузнавачка служба Џон Ретклиф во интервју за „Волстрит џурнал“.
Тој додаде дка Пекинг не знае за етички граници во потрагата за моќ и оти Кина претставува главна закана по националната безбедност на САД.
Ниту канцеларијата на Ретклиф, ниту ЦИА не ги коментираат наводите на Ретклиф за детално да образложат на кој начин Кина планира да создаде „супер војници“.
Изјавата на Ретклиф не ја коментираа ниту кинеските власти.
Двајца американски научници минатата година напишаа труд во кој ја испитуваат амбицијата на Кина да ја примени биотехнологијата на военото поле. Елса Кани, експерт за кинеската одбранбена технологија и Вилсон Ворн Дик, советник за односите со Кина и поранешен маринец, наведуваат дека постојат индикации дека кинеските научници почнаа да ги истражуваат потенцијалните технологии за промена на генот позната како ЦРИСПР (кратенкаод „clusters of regularly interspaced short palindromic repeats“).
Кани и Дик тврдат дека кинеските воени експерти и стратези упорно нагласуваат дека биотехнологијата би можела да стане применлива во иднина.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
