Кинеската крајбрежна стража со водени топови пукала врз филипински бродови во Јужно Кинеско Море
Филипини денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека пукала со водени топови врз филипинските бродови во Јужно Кинеско Море, нарекувајќи ги дејствијата незаконски и опасни.
Филипинската крајбрежна стража силно ги осудува опасните маневри на кинеската крајбрежна стража и нелегалната употреба на водени топови против (филипинските) бродови, се наведува во соопштението за вчерашниот инцидент.
Според филипинската крајбрежна стража, инцидентот се случил додека се транспортирале резерви за филипинскиот воен персонал стациониран на атолот Втори Томас на островите Спратли во Јужно Кинеско Море.
Пекинг има територијални претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море и покрај тужбите на Филипините, Виетнам или Малезија, игнорирајќи ја меѓународната пресуда од 2016 година против Кина.
Манила се жали дека нејзините бродови кои патролираат во овие спорни води се редовно набљудувани или блокирани од кинеската крајбрежна стража или бродови на морнарицата.
Ново на Сител
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти