-->
-->
Кинески рекорд,42 милиони за Мартинез
-->
Колумбиецот Џексон Мартинез го напушто Атлетико Мадрид и својата кариера ќе ја продолжи во Кина, во тимот на Гвангжу Евергранде.
Кинескиот тим за Колумбиецот плати 42 милиони евра, со што го собори трансфер рекордот во оваа земја. Мартинез ги минал лекарските прегледи и веднаш заминал за Дубаи, каде неговите нови соиграчи се наоѓаат на подготвки.
Колумбискиот репрезентативец со Гвангжу Евергранде потпиша четиргодишен договор. Мартинез (27) на почетокот на сезонава за сума од 35 милиони евра пристигна во Атлетико од Порто, но успеа да се вклопи во тимот, постигнувајќи само два гола на 15 натпревари во првенството.
Инаку, кинеските клубови, во зимскиот преоден рок беа исклучително активни, тие потрошија повеќе од 200 милиони евра, а покрај Џексон Мартинез во Кина ќе играат Фреди Гуарин, Жервињо и Рамиреш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза