-->
-->
Кинескиот претседател вброен меѓу идеолозите на Комунистичката партија
-->

Делегатите на конгресот на кинеската Комунистичка партија решија да го запишат претседателот Си Џинпинг во партискиот устав, како извор на политичка мисла.
Со ова, претседателот Си е третиот кинески лидер чија политичка теорија е внесена во партискиот устав, по основачот на комунистичка Кина Мао Цетунг и Денг Сјаопинг.
Партијата соопшти дека под раководство на Си Џинпинг ќе отпочне нова ера на „социјализмот со кинески карактеристики“.
Се очекува утре Си да биде реизбран за втор мандат како лидер на партијата. Конгресот воедно избра нов Централен комитет и Централна дисциплинска комисија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
