Кинеските астронаути се вратија на Земјата по шест месеци во вселената
– Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжу-13 денеска се вратија на Земјата по шест месеци поминати во кинеската вселенска станица и тоа е најдолгиот престој на кинеска екипа во вселената, јави државната телевизијата ЦЦТВ.
Ова е уште една успешна етапа за Кина во нејзините амбициозни вселенски проекти бидејќи сака да биде во чекор со САД, Европа и Русија, пренесе Бета.
Со 183 дена престој во вселената, астронаутите го соборија претходниот национален рекорд. Во 2021 година, тие поминаа 92 дена во вселената за време на мисијата Шенжу-12.
Екипажот се состоеше од тројца воени пилоти: командант Џаи Џанг (55), неговата колешка Ванг Јапинг (42) и најмладиот Џе Гуангфу (41), на кого ова му беше прв лет во вселената.
Анализата на здравствената состојба на астронаутите од Шенжу-13 ќе и овозможи на Кина да дознае повеќе за влијанието на продолженото отсуство на гравитација врз човечкото тело.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ