Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов.
Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС.
Соколов додаде дека уделот на локалните брендови на рускиот пазар пораснал за 7 проценти во последните 12 месеци. Просечната цена на нов автомобил во Русија минатиот месец изнесувала 3,4 милиони рубљи (околу 30.420 евра), додека просечната цена на половен автомобил била 1,45 милиони рубљи (приближно 12.970 евра).
Според податоците на „Автостат“, во октомври во Русија биле продадени вкупно 171.200 нови автомобили. Најпродаваниот бренд била домашната „Лада“, додека „Тојота“ се најде на деветтото место. Останатите позиции во топ 10 ги заземаат исклучиво кинески брендови.
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола