Балкан
18. December 2017 - 8:52

Кипар алармира поради масовен прилив на мигранти на островот

Кипарските власти се загрижени поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат на островот.

Досега, Кипар им дал хуманитарен статус на 7.500 луѓе. Статус на политички бегалци добиле 1.065 лица, а над 6 500 странци добиле „дополнителна заштита“.

Повеќето од мигрантите кои пристигнуваат на островот се од Сирија, а досега се поднесени две илјади барања за азил, кои допрва треба да бидат разгледани од Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Весникот „Филелефтерос“ пишува дека Кипар не е меѓу дестинациите кои ги претпочитаат мигрантите, но во последно време бројот на нови пристигнувања значително е зголемен што ја менува ситуацијата на островот.