Кирацовски на Молитвен појадок во Вашингтон
Генералниот секретар на Социјадемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски денеска присуствуваше на традицоналниот Молитвен појадок во Вашингтон, заедно со претставници на повеќе од 160 земји од светот, дипломати, конгресмени, како и Претседателот на САД. Присутните на настанот заеднички се заложија за соработка, пријателство и благосостојба, а разменија и мислења за глобалните случувања и предизвици со коишто се соочуваат современите општества.
За време на овој глобален настан генералниот секретар Кирацовски оствари средба со повеќе конгресмени и влијателни дипломати.
На средбата со конгресменот Томас Суози од Демократската партија, беа разменети мислења за односите меѓу двете земји и можноста за натамошно унапредување на соработката, како и за перспективите на Република Македонија во меѓународни рамки, со акцент на членството во НАТО и ЕУ.
Кирацовски ја потенцираше важноста на започнатиот реформски процес којшто обезбедува подобар живот за граѓаните и ја движи Македонија по вистинскиот пат на интеграција и соработка.
„Воспоставените принципи на заедништво, пријателство, и соработка не движат напред во интеграцискиот процес и дополнително не мотивираат да продолжиме со реформскиот процес кој обезбедува подобар живот за граѓаните. Убедени сме дека правилните политики што ги спроведуваме ја отвораат вратата за Македонија наскоро да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО алијансата. “ посочи Кирацовски на средбата.
Покрај централната церемонија на овогодишениот Молитвен појадок која ја отвори претседателот на САД, Доналд Трамп, организирани се и низа настани. Личности од целиот свет, од различни култури, вери и нации го истакнуваат значењето на меѓусебното почитување и соработката.
За време на неколкудневната посета на САД, генералниот секретар Кирацовски ја посети и амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, кадешто оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумоски.
На средбата, Кирацовски и Наумовски разговарале за теми од поширок интерес за Република Македонија и нејзините граѓани.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
