Македонија
21. December 2016 - 8:28

Кирби: Вашингтон загрижен за политичките тензии во Македонија

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на вчерашната редовна прес-конференција изјави дека САД се загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември. 

- Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.