Кирби: Вашингтон загрижен за политичките тензии во Македонија
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на вчерашната редовна прес-конференција изјави дека САД се загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември.
- Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
Ново на Сител
-
Уставен ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација од Џафери
-
Продолжение на 16-тата собраниска седница
-
Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“
-
Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут
-
Руска бомба погоди станбена зграда во Харков
-
Состојба на патиштата
-
Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж