Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка
Досегашните членови на Управниот одбор (УО) на Развојна банка на Македонија АД Скопје, Кире Наумов и Фарук Исмаили, се реименувани за истите позиции со мандат од шест години сметано од 19.11.2021 година, информираат од Развојната банка.

-Народна банка издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од КОВИД-19, соопшти Развојната банка.
Во 2020 и 2021 година, Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра.
-Со подобрување на условите кај осигурувањето и факторингот, се зголеми значително обемот на осигурани и откупени побарувања по основ на факторинг кои заклучно со септември 2021 година, во однос на цела 2019 година, се зголемија за 73 отсто и за 20 отсто, респективно, велат од банката.
Од посебна важност за банката, додаваат, беше нејзината докапитализација која се направи во 2020 година, со која се овозможи директно проширување на портфолиото производи на банката.
-Сега, Развојна банка на компаниите кои вршат извоз може да им понуди и царинска гаранција. Од неодамна, преку промена во Законот за Развојна банка на Македонија, се организираше Гарантен фонд во рамки на банката, со што се воспостави државната кредитно-гарантна шема од која корист имаат микро, мали, средни компании, како и големи компании кои вршат извоз. Целта на Управниот одбор е и понатаму да продолжи и да ја развива државната банка како динамична, финансиски силна институција, специјализирана во финансиска поддршка на малите и средни претпријатија и поширока поддршка на извозот, потенцираат од Развојната банка.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
