Кирил Петков: Бугарија не треба да биде периферија, туку двигател во ЕУ
Денеска се навршуваат 15 години од влезот на Бугарија во ЕУ, и по тој повод бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Европската унија започна како мировен проект, но со текот на времето стана најголемиот светски пазар, културен центар, заеднички вредности и споделени можности.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, ЕУ може да се надградува и Бугарија мора да има активна, конструктивна улога во оваа надградба.
Според Петков, Бугарија повеќе не треба да биде само на периферијата, туку двигател, членка која го дава најдоброто од себе за развој на сопствената земја, која последователно ја развива целата ЕУ.
Кирил Петков посака 2022 година да биде нов почеток, нов почеток за ЕУ и нејзиниот развој, нов почеток за Бугарија, како поактивна и поконструктивна членка на Унијата.
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените